За нас

Кои сме ние и која е нашата цел?

Нашата ученичка компанија беше формирана преку Upshift програмата и истата е потпомогната од Уницеф и Фондот за иновации и технолошки развој, а реализирана преку CEED Hub Macedonia, според дадениот буџет и инструкции. За проблем кој одлучивме да го решиме беше нешто со кое се соочуваме секојдневно во оваа нова ситуација.Колку пати ви се случило да ја оставите вашата маска на работната маса,на седиштето во вашата кола и слично,или пак колку пати ви се случило да не можете да го најдете вашето средство за дезинфекција или истото сте го заборавиле дома. Ние како ученичка компанија одлучивме да најдеме производи со кои ќе ги решиме овие проблеми,а воедно преку нашите дизајни на овие производи да ја подигнеме свеста на македонската јавност за почитување на мерките за справување со ковид-19 пандемијата.

Контакт форма